Sunday, December 14, 2014

МОЌТА НА БРОКУЛАТА

МОЌТА НА БРОКУЛАТА!


ШТО СОДРЖИ БРОКУЛАТА?

Брокулата е богата со многу витамини и минерали.
БрокулаБрокулите содржат витамин А, Ц, К и витамини од грпата Б.
  • Витамин А во формата на бета-каротен.
  • Една средно голема брокула содржи повеќе витамин Ц, отколку еден портокал.
  • Брокулата е богат извор на витамини од групата Б како: Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9 (фолна киселина).
  • Во составот на брокулата е присутен и витаминот К.
  • Минерали кои во големи количини се присутни во брокулата се: железото, калциумот, калиумот, магнезиумот и цинкот.
  • Брокулата е богата и со растителни влакна и фитохемикалии.

ЗОШТО ДА ЈАДЕТЕ БРОКУЛа?

Брокулата е неверојатен зеленчук, која го чува нашето здравје и се бори против многу болести.
  • Рак. Брокулата е природен чудотворен заштитник од многу видови рак како: рак на дојката, рак на матката, рак на простатата, рак на внатрешните органи (бели дробови, црн џигер, бубрези) и т.н. Тие се особено добри за лица кои имаат рак на дојка или рак на матката, затоа што го отстрануваат вишокот на естроген од телото.
  • Стомачни растројства. Брокулата е богати со растителни влакна, магнезиум и многу витамини, кои помагаат да се намали вишокот на киселини во стомакот, да се преброди запекот, да се подобри варењето на храната и подобро да се апсорбираат хранливите материи од храната.
  • Срцеви заболувања. Освен антиоксиданси, брокулата содржи и многу растителни влакна, бета-каротен, омега-3 масни киселини и витамини, кои го намалуваат нивото на „лош“ холестерол, го регулираат крвниот притисок и со тоа ја одржуваат нормалната работа на срцето.
  • Анемија. Анемијата е директно поврзана со недостаток на железо и некои протеини. Брокулата е богати со нив, па затоа нивното консумирање е природен лек против анемија.
Жена што јаде брокулаБрокулите се природни чудотворни заштитници на нашето здравје.
  • Висок крвен притисок. Брокулaата му помага на инсулинот правилно да функционира и го регулираат шеќерот во крвта. Витамините, растителните влакна и омега-3 масните киселини присутни во брокулите го регулираат крвниот притисок.
  • Детоксикација. Присуството на витамин Ц, сулфур и одредени амино киселини во брокулата, ги прави одлично средство за детоксикација на телото. Тие помагаат за отстранување на слободните радикали и токсините од телото и ја прочистуваат крвта.
  • Имунитет. Брокулата  содржи многу витамини и минерали, кои помагаат да се зајакне имунитетот. Тие се јавуваат како заштитници од многу инфекции.
  • Грижа за очите. Бета-каротенот, зеаксантинот, витаминот А, фосфорот и другите витамини како Б-комплекс, витамин Е и витамин Ц, присутни во брокулата, се многу добри за одржување на здравјето на очите.
  • Грижа на кожата. За вашата кожа да биде млада и да сјае, потребно е да внесувате антиоксиданти како бета-каротен и витамин Ц, витамини како Б-комплекс, витамин Е (кој што им дава сјај на кожата и косата), витамин А, витамин К и омега-3 масни киселини и амино киселини. Сето тоа можете да го внесете преку консумирањето на брокула и да го подобрите изгледот на вашата кожа.
Како што можете да забележите, брокулата помага во борбата со многу болести. Но, овој долг список не завршува тука. Брокулата помага и за зацврстување на коските и заштита од остеопороза. Овој зеленчук е особено корисен за бремените жени и мајките кои што дојат.
Во никој случај не го избегнувајте овој зеленчук. Консумирајте го колку што можете почесто. Иако многу луѓе ги избегнуваат заради вкусот, брокулата може да биде многу вкусна ако е приготвена како што треба.

НАЈДОБРИОТ НАЧИН ДА ГИ ПОДГОТВИТЕ БРОКУЛа

Супа од брокулиИстражувањата покажуваат дека брокулите кои се готвени на пареа, содржат најмногу хранливи материи.
Истражувањата покажуваат дека брокулата   готвена на пареа, содржи најмногу хранливи материи. Овој начин на готвење е најздрав. Но, ако решите да ја пржите брокулата, треба да внимавате какво масло користите, за да не изгубите дел од хранливата вредност на овој толку здрав зеленчук.
Истражување објавено во Journal of Food Science, покажува како различните масла за готвење влијаат врз хранливата вредност на брокулата. За целта на истражувањето, брокулата е пржена малку подолго од 3 минути во различни масла: рафинирано маслиново масло, екстра девствено маслиново масло, масло од кикиритки, масло од соја и сончогледово масло.
Потоа хранливиот состав на брокулата е спореден со составот на суровата брокула.
Резултатите покажале дека маслото од кикиритки помага да се запазат полифенолите во составот на брокулата, а екстра девственото маслиново масло и сончогледовото масло помагаат да се задржи витаминот Ц. Готвењето со различни масла не го менува присуството на минерали во брокулата. Затоа, за готвењето на брокула најдобро е да користите екстра девствено маслиново масло или масло од кикиритки.
За да ја зголемите активноста на супстанциите во брокулата, кои се борат против канцерогени заболувања, потребно е да ја исечкате брокулата на помали парчиња, да ги попрскате со сок од лимон и да ги оставите да постојат така 5 минути пред готвење.

Во прилог погледнете неколку видео рецепти за начинот како да приготвите вкусни специјалитети со брокула



 Карфиол и брокула во бешамел сос

 Лосос котлет со брокула

 Салата со брокула и јогурт


Saturday, December 13, 2014

Здравата исхрана

Здравата исхрана подразбира внесување на балансирано количество на протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали. Здравата исхрана се базира на внесување на поголеми количини на протеини и јагленохидрати, а помалку масти. Во исхраната посебно е важен внесот на витамини и минерали, кои ги има најмногу во свежото овошје и зеленчук.
Со здрава исхрана, како и со редовна физичка активност, се овозможува зачувување на здравјето, а се намалува и вишокот на телесна тежина, која е исто така важен фактор на ризик за повеќе малигни заболувања.
Овошјето и зеленчукот се богати со витамини и минерали кои се природни одбрамбени состојки против многу болести. Се препорачува да се јадат 5 порции од овошје и зеленчук дневно. Една оптимална порција тежи околу 80 грама.
Со тоа се смета дека се намалува и ризикот од срцеви заболувања, шеќерна болест, повеќе видови на карциноми и други заболувања. Научниците, сЕ уште не ги идентификувале сите хранливи состојки, кои делуваат на заштитата на организмот против болестите. Затоа се препорачува да потребните витамини и минерали се внесуваат со свежото овошје и зеленчук, а не преку синтетски препарати, разни додатоци или екстракти од храна, кои може да се купат во аптеките. Овие синтетски произведени извори на витамини и минерали не се така ефикасни, бидејќи не ги содржат сите корисни хранливи материи.